12.8 C
Skopje
среда, 8 октомври 2025

Фалангата почна да го „окупира“ Гент, 30-тина навивачи стигнаа и пред фудбалерите

Околу 1.000 македонски навивачи се очекува да бидат на трибините на стадионот во Гент, каде што в петок вечерта Македонија игра со Белгија клучен меч од квалификациите за СП 2026, а некои веќе почнаа да пристигнуваат.

Фудбалерите доцна попладнево треба да пристигнат во Белгија, а нивна претходница се фанови кои веќе се во Гент.

Информациите се дека има 30-тина наши навивачи во Гент и дека до вечерва се очекува да дојдат уште, со летови од Тирана. Задутре ќе има вистинска инвазија од нашинци во градот и Фалангата ќе грми во фан-зоната и на стадионот.

Горан Кипријановски-Кипре е меѓу кои оние кои рано пристигнаа во Гент, а според облеката, може да се утврди дека времето е отприлика како во Скопје и не е многу студено, ако некому тоа му е проблем.

- Оглас -

Најнови вести