„Фалангата“ се загрева, ечи „Бисер балкански“ во Вараждин (Фото+Видео)

Македонските навивачи со нетрпение го очекуваат првиот меч на Светското првенство во Вараждин против Унгарија, а загревањето веќе започна, иако до мечот има уште неколку часа.

Фан-зоната на нашите навивачи се наоѓа во локалот „Медина шкриња“, а таму веќе започнува да се собира „Фалангата“, која се загрева со еден од најголемите македонски хитови и неофицијална химна на сите наши навивачи, „Бисер балкански“.

Локалот во којшто се собираат нашите навивачи е украсен со многу македонски знамиња, додека во Вараждин паѓа снег.

- Оглас -

Најнови вести