6.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Фалангата заигра и оро во Данска: Не патувавме 2.400 километри ако не веруваме дека може да победиме (Видео)

Како се ближи времето до почеток на мечот меѓу Македонија и Португалија, така се загрева и атмосферата во дански Хернинг. Македонија на првиот меч имаше поддршка од околу 100-тина навивачи кои иако беа нерамноправни во однос на речиси 15.000 навивачи на Данска, постојано ги бодреа нашите ракометари.

Денеска ќе биде поинаку. Противник е Португалија, но ова е меч кој треба да го даде патникот за влез во главната групна фаза. Нашите навивачи веќе се подготвени. Ечи македонска песна, а фановите се одногласни, а тоа е дека воопшто немало да патуваат 2.400 километри од Скопје до Хернинг, ако не верувале во успех на нашата репрезентација.

И на трибините во салата се очекува денеска Македонија да има поголема поддршка од тоа што ќе има португалски симпатизери.

 

 

- Оглас -

Најнови вести