Сензационалниот настап на Мароко на Светското првенство беше сопрен во полуфиналето откако Франција победи со 2:0 и не дозволи за првпат во историјата на планетарните собири во финалето да има африканска селекција.
Франција само по пет минути даде гол преку Ернандес, но Мароко можеше да израмни пред крајот на првиот дел. Спектакуларен беше обидот на Џавад ел Јамик да даде гол кога со „ножички“ одлично ја зафати топката, биеше, но успеа само да ја погоди стативата.
Доколку овој обид завршеше во мрежата на Франција, дефинитивно ќе беше најдобриот погодок на турнирот, но ќе се памти само како нереализирана шанса на Мароко. „Ножичките“ на Џавад ел Јамик може да ги видите ТУКА.