Фалеле 12 секунди за да се избегне хеликоптерската несреќа, a Коби и останатите да останат живи

Засега официјално уште не се знае причината поради која Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седуммина луѓе ги загубија животите во хеликоптерската несреќа која на 26 јануари се случи во близина на Лос Анџелес. Во досегашниот дел од истрагата, потврдено е дека леталото немало проблеми со моторите и дека евектуален дефект е исклучен како причина за трагедијата.

Според позицијата на која бил хеликоптерот, местоположбата на теренот, густината на маглата, но и распоредот на облаците, претпоставките се дека многу малку недостасувало да се избегне несреќата.

„На хеликоптерот на Брајант му биле потребни само 12 секунди за да излезе од облакот. Требало да се подигне на 30 метри повисоко и ќе имал чист хоризонт. Ако се знае дека подигнувањето во висина е 152 метри во минута, тогаш потребните 30 метри висина ќе биле постигнати за само 12 секунди. Штом излезеш од облакот, видикот е одличен“, анализира Кип Лу консултант за воздушна безбедност.

Пилотот Ара Зобајан бил искусен пилот-ветеран со повеќе од 8.200 часа лет. Сепак, на кобниот лет нешто тргнало во непосакувана насока. Неместо да се издигне над облаците, хеликоптерот со полна брзина од 290 километри на час започнал да паѓа надоле и немало спас, бидејќи областа била ридска.

Последната симулација на последниот лет со авионот на Коби Брајант може да ја погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести