Лионел Меси престојот во родната Аргентина, меѓу другото, го користи и за играње на ревијални проштални натпревари. Откако во родното Росарио настапи на простувањето на Макси Родригес, Меси беше главна ѕвезда и во Буенос Аирес, на легендарната „Ла Бомбонера“, на простувањето на Хуан Роман Рикелме.
Рикелме и Меси заедно со Диего Марадона се најомилените аргентински фудбалери кои го носеле дресот со бројот 10, а фановите на Бока му пееја на Меси и го повикаа да заигра за овој клуб, чии легенди се Марадона и Рикелме.
„Меси, Меси, Меси, ќе треба да ни простиш, но во Бока најголем е Роман“, пееја фановите на Бока.
https://twitter.com/i/status/1673313325231513600