Вардар одигра одлично прво полувреме против Војводина и води со 15:10 во првиот меч за Црвено-црните во последните два месеца.
Паузата беше долга поради проблеми со ковид-19 во таборот на двојниот европски шампион, а камбекот беше фуриозен.
Војводина поведе со 1:0 и потоа следуваше одлична серија на Вардар од 6:0 во првиот меч за нив во СЕХА-лигата сезонава.
Гостите се обидоа да се спротивстават и да се вратат во игра, но Црвено-црните се гладни за игра и за квалитетен ракомет, па успеваа во првите 30 минути во новата година да одиграат одлично во континуитет и да имаат предност од пет гола по првото полувреме.
Единствено лошо за Вардар во првото полувреме е повредата на Дисингер во првата фаза од мечот, па Германецот не се врати во игра до крајот на првиот дел.