16.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Фалкао сака да игра во клуб во кој нема кратење на платите

Напаѓачот на Галатасарај, Радамел Фалкао, би можел да направи изненадувачки трансфер во катарскиот клуб Ал Сад, чиј тренер е шпанската легенда Чави, најавуваат некои турски и катарски медиуми. Наводно Колумбиецот не се согласува во Турција да прима помала плата од таа што ја има во договорот, и веќе се договорил со Ал Сад.

Фалкао кој има 34 години и даде 8 гола на последните осум меча, ако потпише за Ал Сад, ќе прима годишна плата од 10 милиони евра. Фалкао имаше преговори и со Ал Хилал од Саудиска Арабија, но тие преговори пропаднале. Фалкао со Галата има двегодишен договор, па ако сака да добие раскин на договорот, ќе треба да се плати отштета од 14 милиони евра, од кои половина се парите кои Фалкао требаше да ги добие како плата од истанбулскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести