Навивачката група на МЗТ Скопје, популарната „Фемили Аеродром“ слави 25 години постоење.
По тој повод, тие низ улиците на Аеродром со фантастичен огномет го прославија сето тоа, а воедно и го најавија утрешниот меч на нивниот тим.
„Металците“ утревечер од 21:00 часот играат полуфинале од завршниот турнир од АБА 2 лигата против Широки Бриег, и тоа во својата арена „Јане Сандански“. Јасно е дека ќе биде потребна голема поддршка од нивните навивачи за да дојдат до посакуваната цел, а тоа е враќање во елитата.