Family Aerodrom со порака до организаторите на Купот: „Вадете ги столчињата, доаѓаме“

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе играат во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија, а неизвесно е дали скопските навивачи ќе добијат дозвола да влезат во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Како што порачаа од КФСМ, ниедни гостински навивачи не може да влезат во сала, ако 72 часа порано не го најавиле присуството. Токму поради тоа, вечното дерби меѓу МЗТ и Работнички се играше без навивачи на двата клуба, а ако доследно се применува Правилникот, навивачката група на Family Aerodrom и на утрешното финале нема да може да присуствува.

Вечерва од аеродромските навивачи стигна фото порака до организаторот на Купот, „Вадете ги столчињата, доаѓаме“. Преку социјалната мрежа Фејсбук, аеродромци меѓу другото порачаа „Доаѓаме да ви ја еб*ме приватната КУП забава!

На оваа порака од најверните фанови на МЗТ Скопје Аеродром, со порака се јави и познатиот музички артист Панчо, кој е докажан симпатизер на актуелниот првак и освојувач на Купот.

Фамилија Аеродром во мое име и името на DNK сакам да подмирам (платам) 10 аранжмани за верни навивачи кои не можат да си го дозволат тоа, а сакаат да идат на финале. Ве молам исконтактирајте ме во инбокс доколку имате потреба“, вели Панчо во пораката. Инаку ангажманот за пат во Битола и бодрење на МЗТ изнесува 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести