Фан-шоповите на ПСЖ се подготвуваат за доаѓањето на Меси?

Како што изминува сезоната, така сè поизвесно е дека Лионел Меси ќе ја напушти Барселона по речиси две децении. Неговиот договор истекува по крајот на јуни 2021 година, а веќе на почетокот од Новата година Меси ќе може да преговара со други клубови и да обезбеди трансфер.

Затоа во таборот на ПСЖ преовладува самодоверба дека токму Светците ќе го добијат потписот на аргентинската суперѕвезда, а наводно официјалните фан-шопови на францускиот првак се известени да се подготвуваат за голема продажба на клупските производи со ликот и името на Меси.

Покрај ПСЖ, кандидат за потписот на Меси е и Манчестер сити, што значи дека ќе биде интересно да се види како гигантите ќе се наддаваат со петро-доларите во оваа битка.

Во меѓувреме, на Меси му е понудено намалување на платата за да остане во Барселона бидејќи клубот е во огромна финансиска загуба поради пандемијата со корона-вирусот, но се чини дека таа понуда е неприфатлива за несомнено најдобриот фудбалер во историјата на каталонскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести