Македонската песна деновиве ќе ечи во Вараждин, голем број наши фанови веќе пристигнуваат или утре ќе се појават во овој хрватски град за да бидат осми играч на ракометарите.
Затоа, организирана е и фан-зона за Македонците, и тоа во барот „Craft Beer Bar“ на улица Браќа Радиќ број 7 каде ќе биде „епицентарот“ и собиралиште за нашите навивачи кои ќе допатуваат во Вараждин.
Барот е во непосредна близина (околу 300-400 метри) на меѓуградската автобуска станица, а на 650 метри е од музејот во стариот град, отприлика толку има и до плоштадите околу корзото, тука е и ресторан за брза храна на Мекдоналдс.
Единствено подалеку е салата каде ќе се играат натпреварите, Арената на околу 5,5 километри од фан-зоната.