Аријан Адеми е еден од најомилените фудбалери во Хрватска, посебно во Загреб, на навивачите на Динамо. Веќе една и пол деценија Адеми ги брани боите на Динамо и јасно е зошто токму тој ја носи капитенската лента во најтрофејниот хрватски клуб.
Адеми од 2010 година е во Динамо со две мали „екскурзии“, кога играше една сезона за Локомотива Загреб и полусезона помината во кинескиот Гуан. Пред да дојде во Динамо, Адеми играше и за Шибеник.
На социјалните мрежи се појави видео од колекционер кој постираше дека има повеќе од 20 различни дресови, сите со името на Адеми, од клубовите за коишто настапувал, плус дресовите од репрезентацијата на Македонија.