Партизан освои три важни бода на гостувањето во Ивањица, откако минимално со 1:0 славеше против Јавор, во меч од 20 коло на српската Суперлига. Со оваа победа Партизан остана лидер на табелата со 50 бодови, еден повеќе од вечниот ривал Црвена ѕвезда.
Стрелец на голот вреден победа за Партизан ги постигна бразилскиот напаѓач Матеус Салдања во 62 минута. По завршување на мечот, Салдања дојде до трибината каде што беа навивачите и делеше автограми, а дел од фановите се фотографираа со него.
Додека Бразилецот делеше автограми, од трибините еден навивач дофрли нешто што ги насмеа сите. „Салдања е*и ја жена ми“, викна некој од трибината, а голгетерот на Партизан само се насмевна на оваа непристојна понуда.
небески народ pic.twitter.com/zk4dgN6hkL
— Монструм (@rade5999) February 11, 2024
Салдања дојде во Партизан пред почетокот на сезоната од јапонскиот Џеф Јунајтед и тоа за трансфер од 1,3 милиони евра. Бразилецот се покажува како одлично засилување, затоа што во 19 меча кои ги одигра во првенството има биланс од 15 погодоци и пет асистенции, па сигурно е еден од најзаслужните зошто Црно-белите се лидери на табелата.