Фановите бараат Грин да биде суспендиран откако брутално го нокаутира Јуркиќ (Видео)

Дрејмонд Грин утринава повторно ги шокира НБА-фановите откако брутално го нокаутира центарот на Феникс санс, Јусуф Нуркиќ, поради што зачестија барањата за негова суспензија.

На почетокот од третата четвртина, во борба за позиција, Грин намерно го удри Нуркиќ во глава, по што центарот на Феникс како покосен падна на паркетот. Тој остана да лежи речиси една минута, а Грин поради дивјачкиот напад, веднаш беше исклучен.

https://youtu.be/qktx_T4AOPM?si=KfStLkRWrPzaO3F6

НБА-фановите се шокирани од овој потег на кошаркарот на Голден стејт вориорс, кому ова не му е првпат да прави вакви инциденти, и бараат негово санкционирање, односно суспензија, и тоа до крајот на сезоната.

Грин минатиот месец го „давеше“ центарот на Минесота тимбервулфс, Руди Гобер, а минатата година на тренинг на Воините го нокаутира тогашниот соиграч Џордан Пул.

https://youtu.be/LQb8dK4MC-E?si=HijTZUGXzjtbe1Dp

 

- Оглас -

Најнови вести