Фановите го чекаа Ѓоковиќ, но тој не се појави на теренот, сензационална елиминација на Швјонтек

Мечот на Новак Ѓоковиќ и Себастијан Корда, кој беше закажан за синоќа, е одложен, но не поради дожд, како што е вообичаена практика во светот на тенисот.

Ѓоковиќ и Корда требаше да се сретнат во четвртфиналето на Мастерс 1000 турнирот во Мајами, а мечот беше планиран да започне најрано во 01:30 по македонско време. Сепак, поради лошата организација на претходните мечеви, дуелот не можеше да почне пред полноќ по локално време.

Двајцата тенисери се договориле и во соработка со организаторите го поместиле мечот за денес. Програмата почнува во 18 часот по македонско време, а потоа ќе се одиграат уште два меча пред да излезат Ѓоковиќ и Корда на теренот.

Од останатите мечеви, кои завршија во нормално време, Александар Зверев доживеа вистински шок и испадна од Артур Филс со резултат 2-1 во сетов.

Сензцијата на годината беше видена во женскиот дел од турнирот. Втората тенисерка на светот, Ига Швјонтек, беше поразена од 140-тата тенисерка на светот, тинејџерката од Филипините, Александра Еале.

Филипинката неочекувано и многу убедливо ја победи Швјонтек со 6-2, 7-5.

- Оглас -

Најнови вести