Фановите го исмејуваат Кавани за една огромна утка на тренинг (Видео)

Доведувањето на Единсон Кавани е очајнички обид и ризичен потег на Манчестер јунајтед да го засили нападот, сметаат многу аналитичари и љубители на фудбалот. Уругваецот осум месеци нема играно натпревар, па фановите во Англија се шегуваат на негова сметка и објавија снимка од еден тренинг во времето кога Кавани беше во ПСЖ.

На снимката се гледа како Кавани испраќа еден крајно непрецизен шут. Некои веруваат дека ова ќе се случува и кога ќе дојде во Јунајтед. Дали ќе биде така, останува да се види:

 

- Оглас -

Најнови вести