Пред да започне првото коло на гренслем турнирот Вимблдон, навивачите ја избраа најубавата тенисерка која ќе игра на тревата во Лондон, тоа е Канаѓанката Карсон Бранстин.
Таа освен што импресионираше со својот настап во квалификациите, има и супер секси изглед. Долгоногата бринета висока 180 сантиметри, веројатно нема да остане долго на тревата на Вимблдон бидејќи ждрепката во првото коло ја испрати на мегдан против светската број 1, Арина Сабаленка.
Сепак, Бранстин која е 197-ма на ВТА листата, беше одлична во квалификациите елиминирајќи ја сензацијата на Ролан Гарос, Лоис Боасон и поранешната шампионка на САД опен, Бјанка Андрееску.