Во четвртата минута од второто полувреме, Арсенал остана со човек помалку на терен против Брајтон, а гостите го искористија тоа за да изедначат на 1-1.
Ситуацијата на теренот драстично се смени по исклучувањето на Деклан Рајс и Арсенал сега е на мака, иако делуваше дека имаат контрола додека се играше 11 против 11.
Она што посебно ги налути фановите на Топчиите е контроверзниот момент кога Рајс доби втор жолт картон и сметаат дека е незаслужен, или дека и играчот на Брајтон, Велтман, требаше да добие црвен картон за шутирање на Рајс.
Рајс доби картон за наводно „спречување на противникот да изведе слободен удар“. Тој го фаулираше Велтман, а играчот на Брајтон при обид да ја шутне топката, ја шутна ногата на Рајс. Така Рајс, ем беше тепан, ем исклучен за првпат во кариерата.
Погледнете и проценете дали навивачите на Арсенал имаат право кога се бунат:
This has to be the most hilarious red card ever #ARSBHA pic.twitter.com/j3n9NLz3jU
— FL (@AFCfuty) August 31, 2024