Фановите на Атлетико Мадрид пред тешка одлука: Викендов одлучуваат за новото лого на клубот (Фото)

Атлетико Мадрид од 2017-тата година го користи актуелното лого, кое е модификација на она историското. Од тогаш траат и реакциите на навивачите кои не се задоволни од модерното лого на клубот и бараат враќање на старото.

После шест години, раководството на Атлетико Мадрид се одлучи да распише онлајн референдум на кој сите членови на клубот ќе можат да гласаат кое лого ќе се користи во иднина. Референдумот започна денес и ќе трае во текот на целиот викенд.

https://twitter.com/atletiuniverse/status/1672521669187969026?s=20

- Оглас -

Најнови вести