Атлетико Мадрид не ја испочитува традицијата на шампионот да му се направи шпалир од играчи кои аплаудураат додека низ „тунелот“ поминуваат новите прваци. Од Атлетико одбија да му направат чест на градскиот ривал со разни оправдувања.
Еден транспарент кој се најде на „Ванда метрополитано“ објаснува зошто навивачите на Атлетико не сакаа нивниот тим да му направи „пасиљо“ на градскиот ривал.
„Веќе 120 години шпалир ви прават новинарите и судиите“, порачаа фановите на Атлетико, клуб кој во минатата сезона беше првак.