Во Лондон навивачите на Челзи се изнааплаудираа, но голови на мечот со Салцбург уште нема. Прво им се аплаудираше на Обамејанг и новиот менаџер Потер, па во чест на покојната кралица Елизабета, а аплаузи имаше и во 21-вата минута.
Овие аплаузи во 21-вата минута беа како знак на благодарност кон ексменаџерот Томас Тухел за европската титула која им ја донесе на Сините во 2021 година.
Макаби Хаифа сензационално водеше со 1-0 против Пари Сен Жермен, а израелскиот првак даде и втор гол, кој беше поништен поради офсајд. Гостите израмнија со гол на Лионел Меси, кој во 18 различни сезони дава барем по еден гол во ЛШ