41.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Фановите на Интер задоволни, Чалханоглу и Лаутаро се смирија

Двајца од најискусните фудбалери на Интер Милано, Лаутаро Мартинез и Хакан Чалханоглу, објавија заедничка фотографија на која се прегрнати и насмеани, со што ги закопаа воените секири.

Чалханоглу имаше желба да се пресели во Галатасарај, па Лаутаро за време на Светското клупско првенство порача дека кој не сака да биде во Интер, излезната врата му е отворена и подобро да си оди.

Но, трансферот на Чалха во Турција не се оствари, тој се појави на стартот на подготовките на Нераѕурите. Тој и неговиот агент тврдат дека е среќен во Интер и нема намера да притиска да биде продаден.

- Оглас -

Најнови вести