Фановите на Јувентус во еуфорија, но не поради победата над Бреша

Јувентус ја совлада Бреша со 2-0 и привремено се искачи на првото место во Серија А, но најубавата вест за клубот е враќањето на капитенот Џорџо Кјелини. Легендарниот дефанзивец се повреди на дуелот со Парма на 24 август и оттогаш немаше играно. За среќа на Јуве, нивниот почитуван капитен навреме се врати на терен, за најважните мечеви.

Головите за триумф над Бреша ги дадоа Дибала и Квадрадо. Камбекот на Кјелини го одобри и контроверзниот Марио Балотели, кој се насмевка му посака добредојде на својот некогашен репрезентативен колега. Кјелини во игра влезе на местото на Бонучи.

На следните мечеви ќе се види дали тренерот Сари ќе му даде предност на Бонучи или на Де Лихт. За Кјелини, ќе мора да има место.

- Оглас -

Најнови вести