Англија води со 1-0 против Италија и се наоѓа на 45 минути од прва европска титула. Голот за водство го даде Лук Шоу во втората минута од средбата, а според коментарите на социјалните мрежи, и многу фанови на Манчестер сити и Ливерпул признаа дека првпат се радуваат на погодок на играч на нивниот ривал Манчестер јунајтед.
За Шоу тоа беше прв гол во дресот на репрезентацијата, а голот е и најбрз во историјата на финалињата на европските првенства. Шоу е прв играч на Манчестер јунајтед кој дал гол во финале на ЕП. Италија за првпат по 19 меча е во ситуација да има резултатска негатива и останува да се види дали Сините ќе имаат сили за пресврт.