Фановите на Ливерпул се фалат: Го имаме најдобриот голман на светот

Бразил до финалето на Копа Америка стигна без примен гол. Во петте меча, од кои три беа во групната фаза, Кариоките завршија со гол-разлика од 10-0. Парагвај го елиминираа во пенал-рулет по ремито без голови, додека во полуфиналето над Аргентинците славеа со рутинирани 2-0.

Голема заслуга за тоа имаат дефанзивците Тијаго Силва, Маркињос, Дани Алвеси Алекс Сандро, но и неприкосновениот Алисон Бекер меѓу диреците. Чуварот на мрежата на Ливерпул веќе ја освои Златната ракавица иако јужноамериканскиот шампионат уште е во тек.

Ниту еден друг голман нема пет празни мрежи, а Алисон последен пат прими гол на 4 мај, во победата на Ливерпул со 3-2 над Њукасл во Премиер лигата. Од тој меч, Алисон бранеше на девет средби за клуб и репрезентација, што значи дека нема вадено топка од својот гол точно 810 минути.

Во тие девет меча се бројат реваншот против Барселона во полуфиналето од ЛШ, финалето против Тотенхем, мечот од последното коло во ПЛ против Вулверхемптон, како и двете контролки на Кариоките пред стартот на Копа Америка.

Алисон ќе може да ја зголеми минутажата и бројот на мечеви без примен гол во финалето против Перу. Така би имал точно 900 минути и 10 меча со празна мрежа. Бразилскиот голман дефинитивно ги оправдува сите пофалби, во овој момент е најдобар на светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести