Ливерпул летово за 100 милиони евра го купи уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњес, кој имаше одлична сезона во Бенфика, и очекувањата од него се големи, тој треба да ја надомести празнината која се создаде со заминувањето на Садио Мане.
Но, инсерти од тренинзите на Црвените, ги загрижија фановите. На снимките се гледаат лоши потези на Дарвин, па некои разочарани навивачи веќе коментираат: „Зарем за ваков играч плативме 100 милиони?“
Ова е уште подготвителен период и не треба да се суди додека не почне сезоната, но на Дарвин треба да му е јасно дека ако не игра добро, ќе трпи постојани критики.
This the 100m player we paid for? pic.twitter.com/79qYbqUCdN
— ♨️ (@Wimlfc) July 11, 2022