Мохамед Салах игра во неверојатна форма, а според навивачите на Ливерпул, во моментов тој е најдобар во Премиерлигата и светот, и треба да ја добие Златната топка.
Салах попладнево на средбата со Вотфорд најпрвин имаше магична асистенција со која на Садио Мане му помогна да стане трети Африканец во историјата на Премиерлигата со 100 гола, а потоа даде феноменален гол откако си поигра со противничката одбрана.
Ова е супер асистенцијата на Салах до Мане за водство на Црвените од 1-0:
https://www.youtube.com/watch?v=UUV4JccwZik
Погодокот на Салах за 4-0:
WHAT A GOAL FROM SALAH!!! #WATLIV https://t.co/JULIBVxUw7
— ً (@Asensii20) October 16, 2021