Лума Модриќ со својот гол за победа над Пиза, верува дека Милан е сè уште во трка за титулата во Серија А, а среќен е што навивачите на Росонерите му пееја песна која во минатото фановите на Наполи му ја посветија на Диего Марадона.
Со 40 години и 157 дена, поранешниот играч на Реал Мадрид, Тотенхем и Динамо стана третиот најстар стрелец во историјата на Серија А, зад легендите на Милан, Алесандро Костакурта и Златан Ибрахимовиќ.
„Не можевме да си дозволиме да не победиме. Знаевме дека овие бодови се клучни за да останеме во трката за титулата и го направивме тоа. Се опуштивме малку во второто полувреме и не бевме доволно внимателни, поради што тие постигнаа гол. Затоа го зголемивме притисокот, се движевме напред и го постигнавме тој гол што е многу важен за нас. Среќни сме со победата. Секој натпревар во Серија А е тежок, мора да продолжиме да работиме и да бидеме подобри“, изјави Модриќ.
Потоа Хрватот се осврна и на песната која му се пееше на Марадона, сега преработена заменувајќи го името на Марадона со името на Модриќ.
„Привилегија е да ја слушнам оваа песна како ми се пее. Ви благодарам многу, многу сум среќен што ја слушам“, рече Модриќ.
Инаку, текстот на таа песна оди вака: „О, мамо, мамо, мамо, знаеш ли зошто ми чука срцето? Го видов Лука Модриќ, го видов Лука Модриќ. O, мамо, заљубен сум“.

