Трансферот на Елиф Елмас од Наполи во Лајпциг разочара многу фанови на актуелниот италијански првак и тие вината ја бараат кај претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис.
Резултатите на Наполи во Серија А се многу полоши од лани, а фановите преку социјалните мрежи го обвинуваат Де Лаурентис, кој донесе „несоодветен“ тренер (Руди Гарсија) на местото на Лучано Спалети и сега му префрлаат што се согласил да се откаже од Елмас.
„Де Лаурентис не веруваше во Елмас. Требаше да го задржи“, „Не ги ценевме игрите на Македонецот“, „Елиф беше потценет“. „Де Лаурентис многу згреши што не инсистираше да го задржи“, се некои од коментарите.