31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Фановите на Наполи со мајмунски извици кон ѕвездата на Милан (Видео)

Навивачите на Наполи, кои се едни од најстрасните во Италија, често знаат да ја поминат границата на дозволеното и тоа го направија денеска, кога на расна основа го навредуваа фудбалерот на Милан, Рафаел Леао.

Фановите на Наполи се собраа пред хотелот во којшто беа сместени играчите на Милан и ги исвиркуваа пред нивното влегување во клупскиот автобус, со којшто тргнаа кон стадионот „Диего Марадона“.

Сите фудбалери беа исвиркани, а кога се појави Леао, навивачите на Наполи претераа и со мајмунски извици го испратија неговото влегување во автобусот.

https://twitter.com/i/status/1648384072526209036

 

- Оглас -

Најнови вести