Фановите на НБА вечерва ќе уживаат во натпревари со голем број на поени

Вкупно осум натпревари од НБА понудата на Sport Life има за полноќни возбудувања. Интересно е што според квотите, на три средби има фаворизирани екипи кои би требало без многу проблеми да стигнат до победа.

Филаделфија сиксерс се наоѓа во серија од шест победи по ред и тоа благодарение на Џоел Ембид кој заедно со Никола Јокиќ се главни фаворити за МВП признанието за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, и треба да слави против најслабиот тим на Истокот, Шарлот хорнетс. Квотата за „двојка“ е 1,22 и со триумф, Филаделфија ќе дојде на само една победа од второпласираниот тим на Истокот, Бостон селтикс.

Кливленд кавалирс сезонава го доби првите два меѓусебни дуели со Вашингтон и е фаворит да слави и вечерва. Квотата за триумф на Кливленд е 1.51, а слична квота има и за победа на ЛА Лејкерс над Далас маверис. Лука Дончиќ сигурно нема да настапи поради повреда, а неизвесен е и Кајри Ирвинг, податок кој ги прави Лејкерси фаворити иако ќе играат без Леброн Џејмс.

На останатите натпревари се очекуваат далеку поголеми возбудувања, а интересно е што според квотите се очекуваат и да бидат постигнати голем број на поени. Најмала е границата за дуелот меѓу Чикаго и Минесота и изнесува 224,5 поени, додека најголема е за мечот меѓу Атланта и Голден Стејт и тоа 246,5 поени.

Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. Дури 42-ца кошаркари се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени. Фаворити да ја поминат предложената граница на поени се: Џејмс Харден, Тери Розиер, Кајл Кузма, Демар Дерозан, Никола Вучевиќ, Кевин Портер јуниор…

 

- Оглас -

Најнови вести