Фановите на ПСЖ загрижени, Мбапе снимен како поткривнува (Видео)

Килијан Мбапе беше снимен на аеродромот во Париз пред заминувањето за Манчестер како поткривнува додека оди и таа снимка многу ги загрижи навивачите на Пари Сен Жермен, кои во Мбапе гледаат човек кој треба да го однесе тимот во ново финале на Лигата на шампионите.

Мбапе отпатува со тимот, но синоќа тренираше одвоено и големо прашање е дали ќе биде подготвен да игра против Сити. Важноста на мечот е огромна, па веројатно Мбапе ќе инсистира да игра, но тешко е да се верува дека ќе издржи 90 минути, дури и во случај да прими инјекција против болки пред средбата.

Мбапе има повреда на листот на десната нога и до пред почетокот на дуелот нема да се знае дали тој ќе биде стартер или ќе чека шанса да влезе од клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести