Фановите на Ривер со нетрпение ги чекаат своите шампиони (фото)

Прославата во Буенос Аирес за шампионската титула нa Ривер плејт е подготвена. Фановите со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на своите фудбалски владетели на јужноамериканскиот континент. Се чека пристигнувањето на тимот на аеродром, од каде што ќе се упатат кон стадионот „Монументал“, каде што ќе го истакнат престижниот пехар кој го освоија откако го совладаа лутиот градски ривал Бока јуниорс.

Илјадници љубители на Ривер веќе се на улиците, додека и самиот „дом“ на клубот полека се полни со публика.

- Оглас -

Најнови вести