Фановите на Шалке полудеа по новиот дрес без името на рускиот спонзор, рекордна продажба

Фудбалскиот клуб Шалке 04 го раскина договорот со руската компанија „Газпром“, но тоа може да се покаже и како добар маркетиншки потег бидејќи откако Шалке по 15 години го тргна името на рускиот гигант од предната страна на дресовите, многукратно порасна продажбата на дресовите.

Сега на местото на „Газпром“, напред стои името на клубот и тоа им се допаѓа на фановите, па побарувачката за вакви дресови кои чинат по 70 евра е огромна.

Шалке има големи долгови и многумина се плашеа за судбината на клубот како ќе преживее без парите од Русите. Навивачите засега ќе помогнат, но ќе треба да најдат друг спонзор кој финансиски ќе го држи клубот од Гелзенкирхен.

- Оглас -

Најнови вести