Фановите на Спарс се „топат“: првиот пик на вечера со Адмиралот Робинсон, Данкан и Џинобили (Фото)

Првиот пик на годинешниот НБА драфт, Французинот Виктор Вембањама, го имаше првиот тренинг во дресот на Сан Антонио спарс, а потоа замина на вечера со три од најголемите имиња во историјата на клубот.

Вемби вечерал со Адмиралот Дејвид Робинсон, Тим Данкан и Емануел Џинобили, а таму биле и Шон Елиот, и тренерот Грег Попович.

„Во претходните неколку часови научив за НБА повеќе отколку во целиот мој живот претходно. Беше неверојатно да се биде со овие луѓе. И да сакав, не можев да најдам подобри луѓе како примери од нив“ – изјави Вембањама кој е висок 221 сантиметар, а многу е подвижен и знае да погоди и тројки, но нема да има суперѕвезди покрај себе во тимот како што имаше Данкан кога влезе во лигата како прв пик во 1997 година.

- Оглас -

Најнови вести