Фановите на Стандард фрлија чадна бомба во метро-станица и направија хаос (Видео)

Арсенал е голем фаворит на свој терен во дуелот со Стандард Лиеж, во меч од второто коло во Лигата на Европа. Иако Топчиите играат на свој терен, и гостите ќе имаат поддршка на трибините. Голем број фанови на белгискиот тим пристигнаа во Лондон, а на неколку часа до започнување на мечот, направија инцидент.

Поголема група на гостински навивачи фрлија чадна бомба додека беа на една метро-станица. Веднаш се создаде паника кај луѓето кои биле на станицата, а полицијата реагирала и ги евакуирала сите. Неколку навивачи на Стандард се уапсени, а, за среќа, нема повредени.

https://twitter.com/i/status/1179750545369776129

 

- Оглас -

Најнови вести