Фановите на Валенсија не забораваат, овации за легендата на Бетис

Бетис со 3-0 ја совлада Валенсија и си ги задржа шансите за пласман во Лигата на шампионите.

Дваесетина минути за Бетис одигра ветеранот Хоакин Санчес, кој пред мечот доби овации од навивачите на Валенсија. За Хоакин ова е последно гостување на стадионот на кој тој играше како домашен во периодот од 2006 до 2011 година. Хоакин има 158 меча во дресот на Валенсија и ги заслужи аплаузите.

Бетис за првпат по далечната сезона 1975/76, сезонава успеа двапати да ја победи Валенсија, а тимот од Севилја сезонава на 15 меча победуваше со 1-0, и на тие средби има феноменален скор од 14 победи и едно реми.

- Оглас -

Најнови вести