Фановите во Англија одлучија: Атмосферата на легендарниот стадион е најпреценета (ВИДЕО)

Изминатава недела, низ англиските фанови имаше анкета, на кој фудбалски стадион атносферата е најпреценета, односно не ниту одблиску така како што се пишува.

Гласаа речиси 50 илјади навивачи (49.843), а дури 44.5 одсто од нив тврдат дека на легендарниот Енфилд Роуд, атмосферата е преценета и голем дел од коментарите велат дека после интонирањето на химната на клубот (You never walk alone), атмосферата е како во театар.

На второто место се најдоа фановите на големиот ривал на Ливерпул, Манчестер јунајтед.

Дека атмосферата на „Олд Трафорд“ е далеку од добра сметаат 38.2 одсто, на третото место пак се навивачите на Њукасл.

На „Сент Џејмс парк“ дека има преценета атмосфера велат 9.2 од испитаниците, а топ четири го закружуваат Лидс јунајтед и „Еланд роуд“ со 8.1 одсто.

- Оглас -

Најнови вести