Фановите во Прага подготвени: Македонските фудбалери дочекани на аеродромот како ѕвезди (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во главниот град на Чешка, Прага, каде в сабота ќе го игра еден од најважните натпревари од квалификациите за Европското првенство следната година.

Нашите фудбалери на аеродромот во Прага беа пречекани како вистински ѕвезди, а десеттина фанови ги чекаа за да добијат автограм, но и да се фотографираат со Елмас, Барди, Трајковски, Димитриевски …

Интересно фановите кои беа присутни на аеродромот беа од Чешка и Полска.

 

- Оглас -

Најнови вести