Фантастичен гол на Мастантуоно, Ривер ја доби битката во Суперкласико против Бока (Видео)

Фудбалерите на Ривер Плата ја совладаа Бока јуниорс со 2-1 во најголемиот натпревар на аргентинскиот фудбал, познат како Суперкласико, одигран на „Монументал“ во 15-то коло од тамошната „Апертура“.

Како и обично, во дуелот на два гиганти имаше многу возбудувања, а натпреварот го обележа 17-годишниот суперталент Франко Мастантуоно, за кого веќе голем број европски гиганти покажале интерес.

Франко Мастантуоно постигна фантастичен гол од слободен удар за еуфорија кај своите фанови.

Бока успеа брзо да се врати и изедначи во 39-та минута. Левиот бек на гостите, Лаутаро Бланко успеа да го пронајде напаѓачот Мигел Мерентиел, кој ја искористи грешката на искусниот стопер на домаќините, Печела, и изедначи на 1-1.

Но, на Ривер не му требаше многу време да се врати во водство. Домаќините постигнаа гол во последната минута од првото полувреме. Совршен центаршут упати Енцо Перез, а топката стигна директно до главата на напаѓачот Себастијан Дриуси, кој од втор обид го совлада голманот на Бока, Марчесин, за голема радост на публиката на „Монументал“.

Бока јуниорс, и покрај овој пораз, остана лидер во групата А на аргентинската „Апертура“, додека Ривер е на третата позиција во групата Б.

- Оглас -

Најнови вести