Фантастичен гол на Меси, сега е на два чекори да го направи тоа што го чека цела кариера (Видео)

Аргентина и Колумбија ќе играат меѓусебе во полуфиналето на Копа Америка, откако овие две селекции ноќеска се радуваа на победи во четвртфиналната фаза на континенталното натпреварување на Јужна Америка.

Аргентина без многу проблеми со 3:0 го победи Еквадор, а Колумбија по многу драма, дури по подобро изведување на пенали го елиминираше Уругвај со 4:2, откако по регуларниот дел немаше погодоци.

Лионел Меси како вистински капитен блесна против Еквадор и со две асистенции и еден погодок беше вистински лидер во победата. Фаворитот поведе со погодокот на Де Пол во 40 минута, а сите дилеми беа решени кога Мартинез зголеми на 2:0 во 84 минута. Како шлаг на одличната игра, Меси погоди од слободен удар во 90+3 минута за 3:0.

https://twitter.com/i/status/1411520962676379648

Меси игра одлично на цел турнир и досега има четири погодоци и четири асистенции, покажувајќи дека е подготвен да се израдува на првиот голем трофеј во дресот на аргентинската репрезентација. Гаучосите немаат злато на Копа Америка уште од далечната 1993 година, а Меси верува дека конечно е дојдено време да го подигне трофејот. За такво нешто сега треба даја победат Колумбија во полуфиналето, а потоа во евентуалното финале да го чекаат подобриот од второто полуфинале меѓу домаќинот Бразил и Перу.

Колумбија имаше четворица перфектни реализатори од белата точка и благодарение на двете укти на фудбалерите на Уругвај, се радуваа на пласман во полуфиналето. Запата, Санчес, Мина и Борха беа прецизни за Колумбија, додека за Уругвај погодија само ѕвездите Кавани и Суарес, додека ударите на Хименес и Вина не завршија во мрежата, па Уругвај како најтрофејна селекција во историјата на Копа Америка, го заврши настапот.

 

- Оглас -

Најнови вести