Кошаркатите на Партизан во неверојатен натпревар славеа над вечниот ривал Црвена ѕвезда и ја прекинаа мини серијата од два порази по ред. Црно-белите во натпревар кој беше исполнет со пресврти и неверојатни серии на двата тима славеше со 88:86.
Партизан фуриозно го започна натпреварот, поведе со 10:0, а по осум минути игра имаше водство од 17:2, но Црвено-белите успеаја да го пронајдат својот ритам и прво дојдоа до едноцифрена негатива (22:13) на крајот од првата четвртина, а потоа на пауза заминаа со нерешени 42:42.
Во третата четвртина доминираа Црвено-белите, кои ја добија со 23:13, и тоа благодарение на одличниот шут за три поени (пет тројки во третата четвртина), а во еден момент имаа и 12 поени предност (53:65).
Во последната четвртина, Партизан успеа да се врати во игра и со поените на Дожиер на три минути до крајот поведе со 80:79. Во следниот напад, Теодосиќ реализира едно слободно фрлање, но на спротивната страна Аврамовиќ постигна тројка за 83:80 на 136 секунди до крајот.
Во последните две минути се влезе во пенал-завршница, сите поени до конечните 88:84 беа постигнати од линијата за слободни фрлања. Точка на мечот стави Зак Ледеј, кој ги постигна последните четири поени.
Алекса Аврамовиќ со 14 поени, Ледеј со 13, Јарамаз со 12 и Камински со 11 поени беа најдобри кај Партизан, додека во редовите на Црвена ѕвезда, која го забележа четвриот пораз во низа, се истакнаа Боломбој со 16, Нејпиер со 14, како и Ханга и Јаго дос Сантос со по 11 поени.