Фантастичен настап на Дарио Ивановски на ЕП во Рим: Падна националниот рекорд за 44 секунди

Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски, имаше одличен настап на Европското првенство во Рим и полумаратонската трка ја заврши на 29-тата позиција во конкуренција на 66 атлетичари.

Нашиот атлетичар патеката ја мина за време 1:04.01 со што го подобри својот личен резултат, но што е уште поважно го собори државниот рекорд кој беше во негова сопственост за цели 44 секунди. Ивановски беше многу блиску да се симне и под границата од 64 минути и дополнително да го подобри рекордот.

Европски шампион во дисциплината полумаратон стана атлетичарот од Етиопија, кој како натурализиран настапува за Италија, Јеманеберхан Крипа, со резултат од 1:01.03, што воедно претставува и рекорд на шампионатите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести