Фудбалерите на Њукасл во првиот натпревар по 45-дневна пауза во Премиер лигата поради Светското првенство во Катар само за шест минути постигнаа два гола на гостувањето кај Лестер.
Резултатот го отвори Крис Вуд уште во третата минута, и тоа од пенал откако Даниел Амарти направи прекршок во сопствениот шеснаесетник.
Само три минути подоцна, Мигел Алмирон ја удвои предноста на Чавките.
Њукасл игра фантастично сезонава и заедно со Арсенал се единствените екипи кои имаат најмалку порази досега во Премиер лигата, по еден.