Фантастичен тикет во Гостивар: Со игри на голови до ќар од 4.500 евра (Фото)

Вторник беше среќен ден за гостиварец кој си заработи 4.500 евра играјќи репрезентативен фудбал. Обложувачот од Гостивар одигра тикет на којшто имаше девет натпревари, и тоа од квалификациите за ЕП 2024 или пријателски дуели. Со уплата од 270 денари, направи квота од 1.198 и си заработи 275.193 денари нето.

Само еден натпревар е одигран на конечен тип кој без проблеми излезе (Франција – Шкотска 4:1), а останатите беа игри на голови. На еден меч беше одграно двете селекции да дадат гол, на два е одиграно 1+I&1+II, а на останатите пет, гостварецот одиграл да има еден или два гола и во првото и во второто полувреме.

На тикетот е и дуелот кој се играше во Струмица и на кој Македонија со 3:1 ја совлада Ерменија. За овој меч, гостиварец одигра дека ќе бидат постигнати барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.

На три натпревари на кои мораше да има еден или два гола во првото и во второто полувреме, гостиварецот имал голема доза среќа. На мечевите Англија – Италија, Литванија – Унгарија и Србија – Црна Гора беа постигнати по четири гола, но на радост на обложувачот, по два во двете полувремиња.

ИГРАШЕ НА ФАВОРИТИТЕ И СИ ЗАРАБОТИ УБАВА СУМА

Во објект на Sport Life во Драчево, тикет уплатен вчера донесе 25.063 денари. На тикетот кој е уплатен за 100 денари се одиграни пет натпревари кои се играа вчера и на кои најмалата квота изнесуваше 2.45, а најголемата 4.40.

Најголемата квота беше од мечот меѓу Англија и Италија (3:1), на кој беше одиграно на победа на Гордиот Албион и притоа и двете селекции да постигнат гол. Истата игра беше и за дуелите Србија – Црна Гора (3:1) и Франција – Шкотска (4:1).

Најмалата квота е од дуелот Албанија – Бугарија (2:0), каде што беше одиграно на триумф на Албанија и да има меѓу два и четири гола.

Последниот натпревар кој му донесе добивка од 25.063 денари во Драчево беше дуелот од квалификациската група во која се наоѓа и Македонија, и тоа меѓу Малта и Украина (1:3).

- Оглас -

Најнови вести