Фантастична кореографија инспирирана од култниот хорор-филм (Видео)

Фудбалските навивачи од Мароко уште еднаш покажаа зошто се меѓу најдобрите во светот. На дуелите во ова првенство често може да се видат фантастични кореографии, а една таква имаше на дуелот Видад Казабланка – Мохреб.

Видад Казабланка е клубот кој е актуелен првак во африканската Лига на шампиони, а на свој терен направија уште една величествена атмосфера. На трибината на која се наоѓаат најверните навивачи на Видад се појави кореографија инспирирана од демонскиот кловн од култниот хорор „Ит“, а пораката гласеше „Јас сум сè тоа од што некогаш си се плашел“.

Видад очекувано победи, и тоа со 2:0, а кореографијата на навивачите може да ја видите ТУКА. 

- Оглас -

Најнови вести