Петте натпревари во Квотите на денот во Sport Life ако ги одиграте заедно на еден тикет може да ви донесат добитен вкупен коефициент од 57.55.
Првиот предлог е од мечот во Лига 1 меѓу Брест и ПСЖ и има квота од 2.25. За да се добие оваа квота потребно е да се одигра на победа на Светците и да има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.
Вториот предлог ја има најмалата квота која изнесува 2.15 и е од бундеслигашката пресметка меѓу Ајнтрахт и Борусија Дортмунд. Тука предлогот е Борусија да не загуби и притоа да постигне барем два гола.
Третиот предлог е градското дерби во Премиер лигата меѓу Манчестер јунајтед и Манчестер сити. На овој меч се очекуваат голови и предлогот на Sport Life е да се одигра дека барем во едно од двете полувремиња и двата тима ќе постигнат гол. Квотата за оваа игра изнесуба 2.25.
Интер ја пречекува Рома во едно од двете дерби пресметки во Серија А и го има најголемиот коефициент, 2.35. Оваа квота се добива ако се одигра да не загуби Рома, а притоа и двата тима да постигнат гол.
Последниот предлог е од второто дерби со Серија А меѓу Наполи и Милан каде се очекуваат голови. Квота од 2.25 се добива ако се одигра дека ќе има барем еден гол во првото полувреме и барем три на целиот натпревар.