Нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски имаше феноменален крај на 2025 година. Вчера на трката во Мадрид повторно сруши национален рекорд.
На трката на 10.000 метри на пат, Ивановски постави време од точно 29 минути, што е нов државен рекорд.
“Дарио по вкупно 34-ти пат во својата кариера руши национален рекорд во девет различни дисциплини. Тој е атлетичарот кој и понатаму држи убедливо највеќе рекорди на сите времиња во Македонија во кралицата на спортовите. Неговото конто е вкупно 9 национални рекорди, а нашиот шампионски тим Ви ветува двоцифрена бројка на дисциплини во наредните сезони кога ќе пресечеме за нова дисциплина на која не се натпреварувал Дарио до сега”, истакнува тренерот и менаџер на Дарио, Игор МС Јакимовски.
Најновиот ажуриран список на рекорди за Дарио вели вака:
1000м отворено – 02.28.04 🇲🇰
1500м сала – 03.44.98 🇲🇰
3000м сала – 07.58.48 🇲🇰
3000м отворено – 08.06.66 🇲🇰
5000m отворено – 13.54.58 🇲🇰
10000м на пат – 29.00 🇲🇰
10000м отворено – 29.31.27 🇲🇰
Полумаратон – 01.04.01 🇲🇰
Маратон – 02.08.26 🇲🇰
Почит до небо за националниот херој ❤

