Фантастичниот Лено, „бомбата“ на Џака и пеналот на Обамејанг го урнаа Јунајтед

Арсенал го доби дербито против Манчестер јунајтед со сигурни 2-0 во мечот од 30-тото коло во Премиер лигата. Избраниците на Унаи Емери му го нанесоа првиот пораз на Оле Гунар Солскјер во англискиот шампионат откако ја презеде клупата на гигантот од Манчестер.

Домаќините рано стигнаа до водство, благодарение на „проектилот“ на Гранит Џака, кој од голема далечина го совлада Де Хеа за 1-0 по 12 минути игра. И гостите имаа неколку шанси, Лукаку можеше лесно до погодок, но неговиот обид од речиси три метри пред голот на Лено заврши во гредата.

Германскиот чувар на мрежата беше фантастичен, во вториот дел одбрани неколку сериозни шанси на „ѓаволите“, а казната во 69-тата минута. Фред го фаулираше Лаказет во казнениот простор, а Обамејанг зголеми од белата точка и воедно ги постави конечните 2-0 на „Емирати“.

Арсенал со оваа победа ја презеде четвртата позиција на табелата од денешниот ривал, сега „топчиите“ имаат 60 бода, додека Јунајтед е на петтото место со два бода помалку.

- Оглас -

Најнови вести